Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски ја продолжи голгетерската серија во првенството на Кипар. Тричковски постигна два гола за АЕК Ларнака во победата над АЕЛ 3:1.
Тричковски двата гола ги постигна од белата точка, во 15 и 54 минута. Третиот гол за АЕК го постигна играчот кој што го замени Тричковски, Акоран. АЕЛ единствениот гол го постигна преку Рубен Хурадо во 40 минута.
Тричковски е прв стрелец во шампионатот со 17 гола.