Top Sport

Два клуба доставиле понуди до Модриќ

Лука Модриќ има желба кариерата да ја заврши во Реал Мадрид. Неговиот договор со „кралскиот клуб“ истекува на крајот од сезоната. Двете страни се уште не разговарале околу новиот договор.

Новинарот на „АС“, Серхио Сантос, на „Твитер“, објави дека два клуба доставиле понуди до Модриќ.

„Го нема продолжено договорот со Реал. Постои некаков договор, но се уште нема ништо конкретно. Планот на Реал е да разговара со Модриќ во наредните неколку недели. Реал е приоритет на Модриќ, но на маса има две понуди од други клубови“, напишал Сантос.

Модриќ од почетокот на сезоната има одиграно 36 натпревари, постигнал три гола и забележал осум асистенции.

Scroll to Top