Top Sport

Три спектакуларни гола на „Ноу Камп“

Барселона и Селта во овие моменти го играат последниот меч од саботната програма во рамките на 13 коло во Ла Лига. На полувреме Барселона води со 2:1.

На „Ноу Камп“ Барса и Селта одиграа лошо прво полувреме кое сепак ќе се паети по головите на Олаза и Меси. Двајцата погодија од слободни удари.

Уругваецот Олаза го совлада Тер Штеген во 41 минута кога од 20 метри прецизно изведе слободен удар.

Пет минути подоцна Меси одговри на предизвикот. Аргентинецот погоди од 25 метри што е негов седми гол сезонава во Ла Лига. Веднаш на стартот на второто полувреме во 48 минута Меси го комплетираше хет-трикот со уште еден гол од слободен удар, негов осми во сезоната.

https://twitter.com/goalhq_/status/1193275838365601792

Scroll to Top