Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски го објави списокот со фудбалери за квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство во 2021 година против Шпанија (14. ноември) и Фарски Острови (19. ноември).
На списокот што го објави селекторот има двајца дебитанти, Сефер Емини од Македонија Ѓ.П. кој е стандарден во својот клуб, односно Адријан Хајдари од Рапид кој веќе има настапи за македонската селекција до 17 и 18 години, како и еден натпревар за репрезентацијата на Австрија до 19 години.
„Не очекуваат два исклучително тешки натпревари, Шпанија е фаворит во нашата група и не треба да трошиме зборови за квалитетите на шпанската селекција. Ние максимално ќе се сконцентрираме на она како ние треба да изгледаме на терен и како треба да ги одиграме двата натпревари. Всушност, наша примарна работа и задача во селекцијата е да создаваме играчи кои ќе бидат конкурентни во европски рамки и способни да се спротивстават на секого без разлика со кои се соочуваат. Јас ќе бидам најсреќен ако и од оваа репрезентација создадеме профили на играчи кои во иднина ќе бидат подготвени за предизвиците кои ќе ги очекуваат во А репрезентацијата. Единствениот императив кој мораме да го имаме е како да се даде максимумот за време на подготовките и натпреварите. Ме радува тоа што од натпревар во натпревар созреваме како тим, како ментално, така и тактички“, изјави селекторот Милевски.
Младата репрезентација подготовките ќе ги спроведе во Шпанија, ќе бидат во Алкоркон од 11 ноември до натпреварот со Шпанија.
Списокот на Милевски за натпреварите со Шпанија и Фарските острови: