Top Sport

Двајца играчи побарале трансфер од Интер

Двајца играчи побарале да го напуштат Интер по поразот од Емполи. Ова во емисијата „Топ Калчо“, го откри италијанскиот новинар Алфио Мусмара.

Новинарот откри дека станува збор за Марцело Брозовиќ и Дензел Дамфрис.

Името на Брозовиќ се споменуваше во можната размена со Барселона. Овој трејд пропадна бидејќи Франк Кеси одби да се пресели во Интер.

Брозовиќ по Светското првенство не е стартер во Интер. Таков статус имаше и во октомври, но тогаш беше повреден.

За Дамфрис постои интерес од неколку клубови во Премиер лигата. Холанѓанецот ќе добие дозвола да го напушти клубот, кога некој ќе понуди помеѓу 45 и 50 милиони евра.

Scroll to Top