Top Sport

Две години не постигнал гол од слободен удар

Кристијано Роналдо во доаѓањето во Јувентус, летото во 2018 година, нема постигнато гол од слободен удар. Последниот меч, пред да биде привремено прекината сезоната, го одигра пред еден месец против Интер, имаше еден обид но неговиот удар заврши во живиот ѕид.

Португалецот има неверојатна голгетерска статистика од доаѓањето во Јувентус, одиграл 75 натпревар на кои постигнал 53 гола, но ниту еднаш не постигнал гол од слободен удар.

Со својот авторитет тој се наметна како прв изведувач на слободните удари иако Миралем Пјаниќ и Паоло Дибала имаат подобра реализација.

Последен пат гол од слободен удар постигнал на Светското првенство во Русија, во првото коло против Шпанија (3:3). Оттогаш како играч на Јувентус имал 39 неуспешни обиди.

Во кариерата, како играч на Манчестер Јунајтед постигнал 13 гола од слободен удар, 32 како фудбалер на Реал, а осум гола од слободен удар постигнал во дресот на репрезентацијата.

Scroll to Top