Top Sport

„Поништете ја сезоната и да почнеме нова од почеток“

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Лук Шо смета дека сезоната во Премиерлигата треба да биде поништена поради пандемијата што ја предизвика вирусот КОВИД-19.

Очекувано овој негов коментар предизвика големо внимание во англиската јавност особено кај навивачите на Ливерпул. „Црвените“ три децении ја чекаа титулата во Премиерлигата, за да ја освојат и теоретски неопходни им се уште само шест поени.

„Поништете ја сезоната и да одиграме нова од почеток. Да, од почеток. Доколку првенството не може да биде завршено тогаш треба да биде поништено“, рекол Шо.

Левиот бек на Манчестер Јунајтед истакнал дека доколку не постојат услови да се игра пред публика тогаш треба да ја прекинеме сезоната.

„Нема причина да се игра доколку нема навивачи. Ние сме тука поради навивачите, за нов играме. Нашите навивачи се фантастични, секогаш ни даваат поддршка, полесно е да се игра кога тие се тука“, истакнал Шо.

Мислењето на Шо го делат Кевин Де Брујне и Хари Кејн.

Scroll to Top