Диего Марадона и Лионел Меси, покрај тоа што се две фудбалски легенди, за многумина се двата најголеми фудбалери во историјата, и иако ги дели голем генерациски јаз во 2005 година двајцата одиграа еден меч заедно.
Во 2005 година, Меси имаше само 18 години и само што помогна Барса да ја освои Ла лига со седум настапи за тимот и веднаш беше споредуван со Марадона, кој тогаш имаше 45 години. Во аргентински Ол-стар меч за добротворни цели стартуваа и Серхио Агуеро и Диего Симеоне, но сите се сеќаваат на средбата на двете „десетки“.
Од видеото јасно се гледа дека двајцата се на иста „бранова долина“ со додавањата и триковите со топката, а посебно е импресивно што видеото е од време кога Марадона веќе беше далеку од своите најдобри денови, додека најдобрите денови на Меси доаѓаа.
Двајцата играа и на други добротворни мечеви заедно, од кои последниот во 2016, но првиот пат останува најимпресивен. Двајцата исто така работеа со репрезентацијата на Аргентина, кога Марадона беше селектор од 2008 до 2010.