Сампдорија доминантна на „Карло Кастелани“ во Емполи во рамки на четвртото коло во Серија А. Тимот од Џенова благодарение пред се на Франческо Капуто и Антонио Кандрева стигна до убедлив триумф од 3-0.
Токму ветеранот Кандрева во 31 минута одлично во празно асистираше до Капуто кому не му беше тешко да ја доведе гостинската екипа во водство од 1-0.
На почетокот на вториот дел Самп доаѓа во водство од 2-0. Повторно Капуто е прецизен, овојпат на асистенција на Березински.
Третиот гол во мрежата на Емполи вистинско ремек дело. Капитенот Кваљарела одлично го пронаоѓа Кандрева, а овој од десната страна бие неодбранливо во малата мрежа од голот на немоќниот Викарио.
Денешниот триумф беше прв за Сампдорија по две нерешени во низа и по стартниот пораз од Милан на свој терен.
Емполи, пак, освен изненадувачкиот триумф кај Јувентус, на трите преостанати дуели е со неуспех.