Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони нема да може да смета на двајца репрезентативци во полуфиналето на Светското првенство.
Полуфиналето против Хрватска ќе го пропуштат играчите на Севилја, Гонзало Монтиел и Маркос Акуња. Двајцата добија суспензија поради жолти картони.
Акуња и Монтиел беа двајца од осуммината Аргентинци кои добија жолти картони во тензичниот натпревар со Холандија.
Аргентинците во четвртфиналето испуштија предност од два гола, а потоа во пенал-рулетот славеа со 4:3.
Скалони во полуфиналето речиси сигурно ќе игра со Нахуел молина (постигна гол против Холандија) и Николас таљафико.
Да потсетиме, во полуфиналето картоните се бришат, што значи дека оние играчи кои досега заработиле жолти картони, ќе влезат чисти во решавачките дуели.
Аргентина и Хрватска полуфиналниот натпревар ќе го одиграат во вторник од 20 часот.