Top Sport

Ѕоф: Со пет замени на меч, Јувентус има огромна предност

Голманската легенда на Јуве, Дино Ѕоф смета дека неговиот поранешен клуб ќе има огромна предност во необичниот финиш на сезоната во Серија А поради опцијата да се дозволат пет замени на меч.

Ова правило веќе се користи во Германија по препорака на УЕФА и ФИФА, и најверојатно ќе биде користено и во финишот на сезоната во Италија, каде што тимовите ќе бидат приморани да играат на летната жештина по три месеци карантин.

„Ваква долга пауза е нешто што досега не сме се сретнале во фудбалот, така што ќе треба да видиме во каква форма ќе бидат тимовите, физички и психолошки. Сигурно е дека Јувентус ќе имаат предност со опцијата за пет замени, бидејќи имаат толку силна клупа. Тоа може да биде голем фактор за титулата. Ова скудето ќе влезе во историјата, не само поради фудбалот, и затоа очекува битка до крај“, вели Ѕоф.

Scroll to Top