Top Sport

Ѕвездата на Бока, Салвио се обидел да ја прегази сопругата!

Магали Аравена, сопругата на аргентинскиот фудбалер на Бока јуниорс, Едуардо Салвио го пријави 31-годишниот фудбалер во полиција обвинувајќи го дека се обидел да ја прегази со автомобил.

Аравена тврди дека се расправала со Салвио со кого неодамна се разделила, и додека стоела до автомобилот, тој ја прегазил со предното тркало. Адвокатот на Салвио потврди дека тој ќе се појави пред властите за да „докаже дека е невин“.

31-годишниот Салвио е поранешен фудбалер на Бенфика и Атлетико Мадрид, а беше и повремен аргентински репрезентативец.

Scroll to Top