Top Sport

Пети: Англија ќе потфрли на Светското првенство во Катар

Освојувачот на светската титула со Франција во 1998 година, Емануел Пети не верува дека Англија ќе може да направи подвиг и по 56 години ќе стане светски шампион во фудбал во Катар оваа година.

„Сигурен сум дека Англија ќе биде тежок противник за било кого, но исто така сум сигурен дека на крајот ќе потфрлат“, вели Пети во интервју за „Спортбајбл“.

Англичаните загубија во финалето на ЕУРО 2020 од Италија на пенали, откако на претходниот Мундијал во Русија стигнаа во полуфиналето, каде што заубија од Хрватска, по што многумина ги сместуваат меѓу фаворитите за Мундијалот кој почнуван а 21 ноември.

„Секогаш е истата приказна со Англија. Медиумите ги поставувате како конкуренти за титула, но на крајот потфрлаат. Не знам до што е, но можеби е притисокот, кој се гледа кај одреени играчи. Имаат многу млади фубалери кои се фантастични, Фил Фоден, Букајо Сака, Мејсон Маунт. Но, тие немаат искуство“, вели Пети.

Scroll to Top