Барселона во вторникот победи со 3:0 во Мурсија во првиот натпревар од втората рунда во Купот на кралот, но состојбата во која ѕвездите на Каталонците ја оставиле соблекувалната е поразителна.
Домаќините биле шокирани од она што го затекле во соблекувалната кога фудбалерите на Барселона си заминале од стадионот. Истакнуваат дека кај нив гостувале сите шпански и многу европски великани, но никој не оставил толку ѓубре зад себе како играчите на Барселона.
Луѓето од клубот со видеоснимка го документирале нередот што гостите заборавиле да го средат. Подот на соблекувалната е прекриен со пластични шишиња, а кантата за отпадоци турната. Персонализираните кутии со колачи, овошје и коцки желе, на кои се броевите на играчите, исто така се расфрлани по соблекувалната.
Како треба да се однесува гостински клуб фудбалерите на Мурсија ќе може да покажат на 29 ноември кога ќе гостуваат на „Камп Ноу“.