Нејмар, Килијан Мбапе и другите ѕвезди на Пари Сен-Жермен ќе се вратат на тренинзи оваа недела како дел од подоготвките за двете куп финалиња кои ги чекаат и продолжувањето на Лигата на шампионите.
Двајцата беа меѓу 27-те фудбалерите кои денеска се „пријавија“ на тренинг-центарот на клубот „Уреду“ за да бидат тестирани на КОВИД-19, пред враќањето на тренинг во четврток. Единствено отсуствуваа Единсон Кавани и Томас Муние, кои ќе си заминат од клубот на крајот на јуни.
Последен меч на ПСЖ беше 2:0 победата над Борусија Дортмунд во вториот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите во март, откако француската Лига 1 беше прекината и откажана, а ПСЖ беа потврдени како шампиони откако имаа 12 поени предност пред Марсеј.
BACK ❤️?… @PSG_inside pic.twitter.com/tKXSD9sDqW
— Kylian Mbappé (@KMbappe) June 22, 2020