Top Sport

Е ова е херој! Фан на Твенте носеше 48 пива до своите пријатели

Навивачот на Твенте, Кристијан Ретгеринг стана херојот на викенд-колото во холандскиот фудбал, откако успеа да носи 48 пива до своите пријатели на неделниот меч против Вилем Втори.

23-годишниот Ретгеринг стана хит на Интернет, откако на стадионот кој го носи името на пиварата „Де Гролш Фесте“, носеше еден куп пива, а потоа објасни која била логиката.

„Секогаш одам на натпревар со група пријатели и еден од нас има задача да го донесе пивото. Овојпат беше мој ред и не сакав да одам повеќе пати и решив да ги обезбедам одеднаш. Требаше да одам и на скали, но не беше лошо и не беше рекорд – мојот пријател Јохен еднаш носеше 50 пива. Имам над 300 барања за пријателство на Инстаграм, телефонот ми експлодираше“, вели Ретгеринг.

Неговиот клуб немаше многу среќа – пропушти водство, остана со играч број 1 и одиграа 1:1.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FC Twente (@fctwente)

Scroll to Top