Top Sport

Зидан: Златната топка да оди во рацете на Бензема

Легендата на Реал Мадрид како фудбалер и како тренер, Зинедин Зидан го поддржа неговиот француски сонародник, Карим Бензема за „Златната топка“ оваа сезона.

Бензема е меѓу номинираните за наградата која ќе се додели во Париз следниот месец, но пред него фаворити се сметаат Лионел Меси, Роберт Левандовски, Жоржињо, Н’Голо Канте и Кристијано Роналдо.

Зидан, кој двапати беше тренер на Реал и освои три титули од ЛШ и две од шпанската Ла лига пред да се повлече во мај вели дека Бензема треба да е меѓу фаворитите.

„Секако дека заслужува да ја освои ‘Златната топка’, тој е неверојатен играч. Имав голема чест да му бидам тренер. Тој знае што да прави во секој момент на теренот и е над своите ривали. Се надевам дека ќе го наградат“, вели Зидан.

Бензема имаше одличен старт на 2021/22, со 9 гола и 7 асистенции во Ла лига, откако минатата година имаше 30 гола без Реал да освои титула – завршија втори во Шпанија зад Атлетико, додека беа елиминирани во полуфиналето на ЛШ од Челси.

Scroll to Top