Манчестер сити и Ливерпул, двата најдобри англиски клубови во последните неколку години денеска на „Етихад“ подготвија вистинско шоу за љубителите на фудбалот, одигрувајќи 2:2 во фантастично реми полно со акции, возбуди и неизвесност до самиот крај.
Креатори на оваа доминација во Англија, секако се менаџерите – Пеп Гвардиола за Сити и Јирген Клоп за Ливерпул, и по крајот на мечот, тие го покажаа респектот еден кон друг со ова неверојатно гушкање.