Top Sport

Ебуе осомничен дека подметнал пожар

Поранешниот играч на Арсенал, Емануел Ебуе, наводно е уапсен од полицијата под сомнение дека подметнал пожар во Енфилд, северно од Лондон. Информацијата ја објавија англиските медиуми, повикувајќи се на полициско соопштение.

Медиумите објавија дека се работи за Ебуе, иако во соопштението не се наведува името на машкото лице што го подметнало пожарот.

„Истржувајќи го случајот со подметнување на пожар, на приватна адреса во Енфилд, во саботата на 30.јуни, полицијата уапси 35-годишен маж, под сомнение дека го подметнал пожарот. Тој бил однесе во полициска станица во северен Лондон“, се наведува во соопштението.

Ебуе подолг период се наоѓа во големи проблеми, семејни и финансики. Поради спорот со сопругата, минатата година, остана без голема сума на пари, а на почетокот на оваа година изјавил дека без проблеми би можел да игра фудбал во било која екипа.

Ебуе, веќе две години не е активен фудбалер. Дресот на Арсенал го носеше во период од 2005 до 2011 година.

Ебуе остана без пари, се крие од доверителите

Scroll to Top