Top Sport

Саган ја освои втората етапа и ја презеде лидерската позиција

Словакот Петер Саган победи на втората етапа, на 105.издание на „Тур д’Франс“, која во неделата, во должина од 183 километри, се возеше од Муерон Сен Жермен до Ла Рош сир Јон.

Возачот на тимот Бора Хансгрохе етапата ја мина за четири часа шест минути и 37 секунди. Второто место го освои Италијанецот од тимот Бахреин Мерида, Сони Колбрели, а како трет трката ја заврши домашниот велосипедист од тимот Групама, Арно Демаре.

foto: epa

Победникот на првата етапа, Колумбиецот Фернандо Гавирија учествуваше во сударот, во завршниот дел од етапата и трката ја заврши на 28.место.

Британецот Крис Фрум, кој неодамна беше ослободен од обвиненијата за допинг, повторно беше пречекан со свирежи од домашната публика. Фрум како 31.влезе во целта.

Саган со оваа победа го презеде лидерското песто во генералниот пласман со шест секунди подобро време од Гавирија.

Третата етапа на програмата е утре, кога ќе се вози хронометар во должина од 35 километри во Шоле.

Scroll to Top