Top Sport

Еден Азар е „магионичар“ – фантастични два гола за нов триумф на Челси (видео)

Челси со 2:0 го совлада Вест хем за да се искачи на третото место во Премиер лигата благодарение на фантастичниот Еден Азар, кој уште еднаш го покажа својот квалитет со легендарен гол во првото полувреме и со уште еден во финишот на мечот да ги „реши“ Вест хем.

Главниот момент на мечот се случи во 24. минута, кога белгискиот ас, кого сѐ почесто го поврзуваат со скап трансфер во Реал Мадрид, успеа да ја изигра цела одбрана на „чеканите“ и со фантастичен слалом да погоди.

Ако ова не беше доволно, Азар во 90-тата минута стави печат на победата со уште еден гол, негов 16-ти оваа сезона.

Со оваа победа, Челси се трети во ПЛ со 66 поени, два повеќе од Тотенхем, три од Арсенал и пет пред Манчестер јунајтед во тесната борба за последните две места кои водат во Лигата на шампионите од Англија, иако „сините“ имаат натпревар повеќе (33 во споредба со 32 на ривалите). Вест хем се 11. со 42 поени.

Scroll to Top