Top Sport

Болоња со два пенали победи и излезе од зоната за испаѓање (видео)

Ерик Пулгар постигна два гола од пенал за само три минути во второто полувреме за да донесе на Болоња 3:0 победа над „отпишаните“ Киево, со што тимот на Синиша Михајловиќ повторно излезе од зоната за испаѓање на само седум кола пред крајот на Серија А.

Михајловиќ беше донесен како „спасител“ на клубот од Емилија-Ромања по отказот на Филипо Инзаги, и ова беше четврта победа во последните пет натпревари за клубот. Отпорот на „летечките магариња“, кои веќе се во Серија Б беше скршен во 65. и 68. минута од мечот на „Ренато Дал’Ара“, со два пенали, кои Чилеанецот Пулгар ги реализираше. Холанѓанецот Мичел Дајкс ја потврди победата со гол во 89. минута.

Со победата, Болоња е на 17. место во Серија А со 30 поени, два повеќе од 18-пласираниот Емполи и седум пред претпоследниот Фрозиноне. Киево се последни со 11 поени.

Scroll to Top