Top Sport

Еден Азар сака да си оди од Мадрид, но брат му ќе пристигне во шпанската престолнина?

Еден Азар е на прагот да си замине од Реал Мадрид и тоа е познато од поодамна, но треба да се реализира во летниот преоден рок. Белгиецот е целосно во втор план кај Карло Анчелоти, а откако се опорави од повредата не доби шанса од клупата. Доаѓањето на Килијан Мбапе е речиси готова работа, па сигурно е дека Реал ќе го продаде Белгиецот, кој воедно е и најплатениот играч во тимот.

Арсенал е заинтересиран да го врати во Премиерлигата.

Сепак, еден член од семејството Азар би можел повторно да биде жител на главниот град на Шпанија, бидејќи Атлетико Мадрид го сака Торган Азар.

Шпанските медиуми открија дека Атлетико Мадрид веќе некое време го следи Торган Азар на лето ќе му понуди да се пресели на „Ванда Метрополитано“.

Scroll to Top