Засега неименуван фудбалер на Торино имал позитивен тест на корона вирусот по првата рунда тестирање во клубот пред враќањето на тренинзи. Италијанските клубови почнаа со враќање на тренинзи оваа недела по осумнеделниот карантин во Италија (најдолг во Европа), иако уште нема одлука за рестарт на шампионатот.
„Во текот на првите медицински прегледи на фудбалерите на Торино, имаше еден позитивен резултат на КОВИД-19. Фудбалерот, кој нема симптоми, веднаш е поставен во карантин и ќе биде надгледуван“, се вели во соопштението на клубот.
Иако сите 20 клубови во Серија А гласаа за продолжување на сезоната, Торино заедно со Бреша и Сампдорија се меѓу тие кои сметаат дека не мора да се ризикува. Претседателот на клубот, Урбано Каиро минатата недела изјави дека Италијанците веќе треба да размислуваат за следната сезона.
Nel corso dei primi esami medici effettuati ai calciatori del Torino FC, è emersa una positività al COVID-19. Il calciatore, attualmente asintomatico, é stato posto immediatamente in quarantena e verrà costantemente monitorato. #SFT
— Torino Football Club (@TorinoFC_1906) May 6, 2020