Top Sport

Еден потег на Роналдо ја чинеше „Кока-кола“ 4 милијарди евра

Гестот што го направи Кристијано Роналдо, на прес конференцијата пред натпреварот Португалија-Унгарија, уште еднаш покажа колкава моќ имаат фудбалските ѕвезди.

Капитенот на Португалија, на почетокот на прес конференцијата, ги тргна шишињата „Кока-кола“. Оваа компанија е еден од главните спонзори на ЕУРО 2020.

Роналдо ги тргна шишињата „Кока-коло“ со кратка порака.

„Пијте вода“.

И додека за обичниот свет, ова беше еден симпатичен гест, директорите на компанијата имаат причина за загриженост.

Негативната реклама, гестот на мега ѕвездата Роналдо, придонесе вредноста на компанијата, на берзите, да падне за четири милијарди евра.

Scroll to Top