Иван Ранчев, 41-годишниот тренер на фудбалскиот клуб Лесичев, загинал од удар на гром, на пријателски меч протв Ботев Черногоров. Бугарската агенција БТА, јави, дека од ударот на гром биле повредени и тројца фудбалери.
„Натпреварот започна во 18.30 часот, набргу започна невремето. Пред да биде прекинат натпреварот, удри гром. Тренерот и играчите паднаа како покосени. И покрај тоа што л веднаш интервенираше лекарскиот тим, не успеаја да го спасат тренерот Ранчев“, го опишал трагичниот настан градоначалникот на Лисичев, Димитар Врничев, кој најавил дека ќе има истрага за несреќата.