Голманот на Манчестер сити, Едерсон немаше многу работа на дербито со старите ривали Манчестер јунајтед и вели дека нема ништо чудно во фотографијата која стана вирална на социјалните мрежи во која тој клечи на половината а тереот.
„Ја видов фотографијата по мечот. Но, сум бил во таква позиција повеќе пати, за време на корнер или изведување на аут, бидејќио секогаш сакам да сум таму за да спречам контранапад на противникот. Го правам тоа често, но луѓето не забележуваат, сега стана интересно бидејќи беше дерби. Тоа е начинот на кој играм. Пеп од мене бара да играм напред и има многу мечеви во кои играм повеќе со нозете отколку со рацете. Тоа е совршено нормално“, вели Едерсон.
Ederson during yesterday’s derby ? pic.twitter.com/O01wD2pyLJ
— City Chief (@City_Chief) March 7, 2022