Еди Хоув си заминува од Бурнемаут по осум години на клупата на англискиот клуб, откако испаднаа од Премиер лигата.
42-годишниот Хоув ги предводеше „црешите“ од третата лига до Премиер лигата, но по испаѓањето во втората лига го раскина договорот со клубот. Хоув помина 25 години во Бурнемаут како фудбалер и тренер и вели дека ова е најтешката одлука во неговиот живот.
„По 25 години во клубот како фудбалер и менаџер, ја донесов најтешката одлука во мојот живот. Иако љубовта кон овој фудбалски клуб ќе остане засекогаш заедно сметавме дека е време клубот да тргне во нова насока. Бурнемаут секогаш ќе биде во моето срце, но морам да сметам за интересите на клубот“, вели Хоув.
Eddie Howe has left #afcb by mutual consent.
It's been an unbelievable journey, thank you so much for the memories Eddie ❤️ https://t.co/SCVnCkbSpy
— AFC Bournemouth (@afcbournemouth) August 1, 2020