Колегата на Нејмар од бразилската репрезентација, Рафиња, тврди дека Бразил не заслужува играч каков што е Нејмар.
Нејмар, го повреди скочниот зглоб во првото коло против Србија. Националниот тим информираше дека Нејмар ќе ги пропушти преостанатите два натпревари во групата, против Швајцарија и Камерун.
И покрај тоа што е најдобриот играч и првата ѕвезда на националниот тим, се чини дека навивачите во Бразил не го сакаат Нејмар и се многу критични кон овој играч.
„Аргентинците го третираат Меси како бог. За Португалците Роналдо е крал. Бразилците го охрабруваат Нејмар да си ја скрши ногата. Најголемата грешка во кариерата на Нејмар е тоа што е роден во Бразил. Оваа земја не го заслужува“, порача Рафиња на социјалните мрежи.