Top Sport

Еднаш црвен, секогаш црвен – Рафаел со фантастична тетоважа од „Олд Трафорд“

Иако веќе шест години не е во Манчестер јунајтед, бразилскиот дефанзивец Рафаел Переира да Силва реши на своето рамо да постави огромна тетоважа од „Олд Трафорд“.

31-годишниот Бразилец, заедно со својот брат Фабио, дебитираа за Манчестер јунајтед во 2008 година, и доби шанса да го замени Гери Невил при крајот на неговата кариера. Тој играше во Јунајтед седум години до 2015 година, и во 109 меча имаше 5 гола. По ова тој направи трансфер во Лион во 2015 година, по што играше во турскиот Башакшехир, а сега се врати во Бразил каде што игра за Ботафого.

„Театарот на соништата – уште еден белег на моето тело и на мојот живот, со благослов од Господ. Бејби, го направивме овој сон реалност“, пишува Рафаел на социјалните мрежи обележувајќи го својот брат.

Scroll to Top