Top Sport

ЛШ: Драма со шест гола во Норвешка, Динамо Киев и Олимпијакос со победи

Динамо Киев и Олимпијакос се многу блиску до групната фаза од Лигата на шампионите по победите во првите мечеви во плејофот, но најинтересниот меч на вечерта се одигра помеѓу норвешкиот Молде и унгарскиот Ференцварош, кој заврши 3:3.

Ференцварош имаше предност од 2:0, пред норвешкиот шампион да направи пресврт и да постигне три гола во второто полувреме за 3:2 водство, пред во 87. минута Унгарците да стигнат до гол од пенал.

Динамо Киев со 2:1 победи во Белгија кај Гент. Владислав Суприага донсе рано водство за тимот на Мирчеа Луческу, пред домаќините да израмнат преку Клајндинст. Де Пења во 79. минута обезбедува победа за Динамо. Во Атина пак, Олимпијакос стигна до 2:0 победа над кипарскиот клуб Омонија со головите на Валбуена и Ел Араби.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ПЛЕЈОФ, 1.МЕЧ

Гент (Бел) – Динамо Киев (Укр) 1:2

Молде (Нор) – Ференцварош (Унг) 3:3

Олимпијакос (Грц) – Омонија (Кип) 2:0

Scroll to Top