Top Sport

Ејупи заминува од Осиек

Музафер Ејупи (30) во преодниот рок како слободен играч ќе го напушти Осиек. Како што пишуваат хрватските медиуми Ејупи има три опции каде би можел да ја продолжи кариерата, тоа се Јадран, Риека и Хајдук.

Ејупи три сезони мина во Осиек, но речиси една година (од април 2018 до јануари 2019 година) отсуствуваше поради проблеми со бубрезите.

Првата сезона 2016/2017 ја одигра најдобро за Осиек, тогаш постигна 14 гола.

Ејупи во кариерата одиграл два натпревари за македонската репрезентација. Во клупската кариера играч за Вардар, Металург, Карталспор, Шкендија, Турново, Сонгкиа Јунајтед и Славен Белупо.

Scroll to Top