Top Sport

„Меси? Не постои подобар играч од Роналдо“

Португалија го освои премиерното издание на Лигата на нации, откако славеше 1:0 против Холандија. Мечот го реши напаѓачот на Валенсија Гуедеш во 60 минута. За најдобар играч на завршниот турнир не беше прогласен Кристијано Роналдо, туку неговиот колега од репрезентацијата Бернардо Силва.

По завршувањето на натпреварот и свечената церемонија, во центарот на вниманието во Порто беше Рубен Невеш, поради изјавата дека Меси не е толку добра како Кристијано Роналдо.

„За мене, Роналдо е најдобриот играч во светот, тука немам дилема. Едноставно не гледам дека постои некој што е подобар од него. Меси? Ма, каков Меси. Тој не е добар како Роналдо“, рекол фудбалерот на Вулверхемптон.

Scroll to Top