Top Sport

Стојановиќ ќе ги предводи ракометарите на Металург

Ракометниот клуб Металург го ангажира Дамир Стојановиќ за нов тренер на првиот тим. Србинот доаѓа на местото на Оливер Димитриоски кој го водеше тимот по заминувањето на Данило Брестовац.

Металург наредната сезона ќе влезе со целосно нов тим, кој ќе се натпреварува во домашното првенство, нема да игра во Лигата на шампионите туку најверојатно во ЕХФ купот. Металург нема наредната сезона да игра во СЕХА-лигата.

Стојановиќ во досегашната кариера работел во Хапоел Рижон (Израел), Вечеши (Унгарија), Патра (Грција) и Земун (Србија).

Scroll to Top