Top Sport

„Екип“ со сатирично видео „удри“ по Серхио Рамос

Серхио Рамос, легендата на Реал Мадрид, во летниот преоден рок го напушти клубот и се пресели во ПСЖ. Рамос како слободен играч се пресели во Париз, потпиша две годишен договор тежок речиси 24 милиони евра.

Најавен како големо засилување, Рамос се уште не одиграл ниту една секунда за новиот клуб. Тој се рехабилитира од повредата.

Неговата повреда е тема за расправа во француската фудбалска јавност, а влијателниот „Екип“, во понижувачко видео го прикажа Рамос како дух.

„Во клупските простории од време на време можете да видите силуета на човек кој зборува шпански“, зборува водителот во видеото наречено „Мистеријата на Рамос“.

Во видеото, авторите разговараат со неколу соговорници, кои се обидуваат да објаснат необични појави во клубот кои се поврзани со Рамос. Пред крајот на видеото, со свеќи и посебни реквизити, тие го повикуваат духот на Рамос.

„Екип“, неколку пати го критикуваше клубот поради трансферот на Рамос. Според нив, тој трансфер бил непотребен.

Scroll to Top