Top Sport

Куман: Можеме да бидеме шампиони

Најкритикуваниот човек во Барселона, тренерот Роналд Куман, верува дека Барселона може да ја освои титулата во Шпанија. Барселона вечерва ќе ја пречека Валенсија. Ова ќе биде прв натпревар за Барса по поразот од Атлетико во Мадрид (0:2), на 2.октомври.

„Сум навикнал луѓето да зборуваат за мојата иднина, тоа е нормално во голем клуб, кога работите не се најдобри. И лани беше вака, зборуваа дека ќе добијам отказ. Претседателот ми ги објасни работите и ме поддржа. Но, тренерот мора да победува.Не сакам да зборувам за минатото. Сакам да вложам енергијата во подобрувањето на играта, ќе игнорирам како се чувствувам. Се обидувам да го направам она што е најдобро за клубот“, рекол Куман и дополнил.

„Верувам дека можеме да се натпреваруваме за првото место. Се уште можеме да бидеме шампиони“.

Барселона, во Примера, има одиграно седум натпревари, со 12 бодови се наоѓа на деветтото место.

Scroll to Top