Top Sport

Сефте за Каљари во Серија А

Фудбалерите на Каљари ја забележаа првата сезонска победа во Серија А. Фудбалерите од Сардинија, во осмото коло, ја победија Сампдорија со 3:1 (1:0).

Предноста до која дојдоа во раната фаза на натпреварот им ја овозможија победата на избраниците на Валтер Мацари. Најдобриот играч на Каљари, Жоао Педро, погоди во четвртата минута.

Сампдорија потоа доминираше во поседот, Кандрева ја погоди стативата, но промена на резултатот немаше.

Предноста на Каљари ја зголеми Касерс во 74.минута. На патот кон голот, по неговиот удар од 18 метри, топката закачи еден играч на Сампдорија и заврши во голот.

Надеж за Сампдорија дека ќе го избегне поразот донесе голот на Торсби во 82.минута. Екипата од Џенова силно пристисна по воој гол, Коли имаше добра шанса во 90., а фудбалерите на Сампдорија бараа пенал во 93.минута по дуелот на Капуто со еден играч на Каљари.

На истекот на судиското надополнување на времето, Жоао Педро, стави точка на натпреварот.

Каљари по оваа победа се израмни според бројот на освоените бодови со Сампдорија. Со шест бода тие го делат 16.место на табелата.

Scroll to Top