Ливерпул испадна од европскиот првак, ПСЖ, во четвртфиналето, во Лигата на шампините.
ПСЖ победи и во реваншот со 2:0 и со вкупен резултат 4:0, во полуфиналето ќе игра против Баерн или Реал.
Натпреварот го реши Усман Дембеле со два гола во второто полувреме. Меѓутоа натпреварот го обележа повредата на Уго Екетике во 31-та минута.
Напаѓачот за кого Ливерпул минатото лето на Ајнтрахт му плати 90 милиони евра, се повреди без контакт со противнички играч.
Дека повредата е сериозна покажува и неговата реакција, на носилки и со солзи во очите беше изнесен од теренот. Првите информации говорат дека станува збор за кинење на Ахиловата тетива.
Оваа повреда се случи само два месеци пред Светското првенство, а Екитике е стандарден член на француската репрезентација.
