Top Sport

Екс-фудбалер на Леверкузен, Фенер и Бешикташ убил еден и ранил четворица

Пензионираниот турски фудбалер, Сезер Озтурк, бил уапсен пред осум дена, откако во пресметка со огнено оружје, убил едно и ранил други четири лица. Информацијата во турската јавност се појави доцна синоќа.

Турските медиуми пишуваат дека поранешниот фудбалер на Баер Леверкузен, Фенербахче и Башикташ, заедно со еден свој пријател, пукал кон луѓето со кои се скарал во сообраќајот.

Засега нема подробни детали за пресметката, а турските медиуми пишуваат дека Озтурк избегал од местото и дека полицијата трага по него.

Човекот кој бил убиен е извесен Халил Ибрахим С., кој наводно правел скара со пријателите во близина на патот по кој се движел Озтурк со својот пријател. Најпрвин дошло до физичка пресметка, а потоа поранешниот фудбалер влегол во возилото и започнал да пука кон Ибрахим и неговите пријатели.

Scroll to Top