Top Sport

Солскјер: Ни треба водач како што е Погба

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер има големи очекувања од францускиот интернационалец, Пол Погба.
Погба зад себе има сезона за заборав, но ќе се обиде да и помогне на екипата откако ја санираше повредата.

Французинот од септември минатата година одигра само 2 меча за „ѓаволите“, а можност за нов настап ќе има вечерва од 21.15 часот, на дербито во Лондон против Тотенхем.

„Пол е еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот. Тој е освојувач на СП и сакаме да имаме таков тип водач на теренот. Сега кога е повторно подготвен и тренира, можам да видам од неговиот менталитет дека е подготвен за настап. Дали тоа ќе биде 45 или 60 минути не знам, ама во наредните месеци ќе одиме постепено, да го вратиме во врвот“ – рече норвешкиот стратег на клупата на „ѓаволите“.

Scroll to Top