Шансите Манчестер сити да ја одбрани титулата од Премиер лигата стануваат сè помали откако тимот на Пеп Гвардиола успеа да одигра само 2:2 против Њукасл, оставајќи ги Ливерпул со осум поени предност на врвот и со натпревар помалку (попладнево играат со Брајтон).
Рахим Стерлинг уште во 22. минута ги донесе „граѓаните“ до очекувано водство на полниот „Сент Џејмс парк“, меѓутоа домаќините успеаја да израмнат пред крајот на полувремето, кога Џетро Вилемс го совлада Едерсон.
Сити имаше доминација на топката во текот на второто полувреме, но дури во 82. минута повторно дојде во водство кога Кевин де Бројне постигна апсолутно фантастичен гол. Меѓутоа, надежта за три поени за Сити беа уништени во 88. минута, кога поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џонџо Шелви исто така постигна убав гол за 2:2.