Top Sport

Ексфудбалерот на Реал, Мецелдер обвинет за ширење детска порнографија!

Германската репрезентација направи рација во домот на поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид, Криштоф Мецелдер поради сомненија дека ширел детска порнографија, јавуваат германските медиуми.

Обвинителите во Хамбург потврдиле дека има истрага околу 38-годишниот Германец, како што прво јави весникот „Билд“. Мецелдер учествувал на курс за тренери во славната школа „Хенеф“, но обвинителите го конфискувале неговиот мобилен телефон и го придружувале до неговиот дом во Диселдорф, каде што извршиле претрес и одземале еден компјутер. Мецелдер, засега, не е уапсен.

Портпаролот на обвинителството објави дека „38-годишен Германец е обвинет за ширење на детска порнографија преку дигитални фотографии“. „Билд“ тври дека Мецелдер бил пријавен од една жена од Хамбург со која бил во врска и на која и покажал 15 фотографии со детска порнографија преку „Ватсап“.

Scroll to Top