Top Sport

Н’Голо Канте е легенда! Се појави на свадба на ќерката навивач на Челси

За Н’Голо Канте и неговиот карактер сме пишувале неколку пати, но сега, тој уште еднаш покажа дека е голем човек, откако ја прифатил поканата на еден навивач на Челси да присуствува на свадбата на неговата ќерка.

Френк Калид се сретнал со Канте во еден лондонски ресторан, и го поканил францускиот репрезентативец на свадбата, и тој наместо да одбие не само што се појавил, туку и останал до крајот на свадбата

„Го повикав на свадбата, но прво ми кажа дека има обврски со француската репрезентација, но на крајот се појави. Моето семејство стана блиско со Канте, а во април 2018 дојде да ме посети кога бев на операција. Остана до крајот на вечерта и потпишуваше автограми. Се работи за човек со златно срце“, вели Калид.

Ако уште имате дилеми околу Канте, да ве потсетиме дека човекот одби да користи „шема“ за избегнување на данок на својата плата која ја добива, дека нема скап автомобил… Линковите долу се доволни да се процени големината на овој човек.

 

Зошто Н’Голо Канте е најскромниот и најдобриот фудбалер на светот

Канте плаќа повеќе данок во Англија од „Амазон“!

Scroll to Top