Фудбалерот на ХСВ Тони Лајстнер објаснил зошто го предизвикал инцидентот по натпреварот што го одигра неговиот клуб во Купот на Германија во Дрезден. Динамо го порази ХСВ со 4:1, а Лајстнер по завршувањето на натпреварот се качи на трибината и физички се пресмета со еден од домашните навивачи.
Лајстнер најпрвин се извинил за своето однесување и рекол дека знае дека ќе биде жестоко казнет, но појаснил дека бил навредуван од навивачите.
Инаку Лајстнер е од Дрезден, а од 2010 до 2014 година играше за Динамо.
„Ме навредуваа од трибините во мојот роден град. Некои навреди можам да поднесам. Но она што се случуваше на овој натпревар не можев. Го навредуваа моето семејство, мојата сопруга, моите ќерки. Кога тоа го слушнав едноставно експлодирав“, напишал фудбалерот на „Инстаграм“.