Шпанскиот весник „Ел конфиденсиал“ денеска излезе со неверојатна приказна според која поранешниот претседател на Барселона, Сандро Росел му купил на поранешниот фудбалер на клубот, Ерик Абидал црн дроб на „црно“ по неговите здравствени проблеми.
Росел го очекува судење за перење пари, заедно со својата сопруга Марта Пинеда, адвокатот од Андора, Жоан Бесоли и уште тројца, откако успеале да извлечат речиси 15 милиони евра од различни ТВ договори на свои сметки.
Според „Ел конфиденсиал“, Росел во 2011 година, откако на француската фудбалска ѕвезда Ерик Абидал му бил дијагностициран рак, Росел му купил црн дроб на „црниот пазар“, иако официјално се тврдеше дека тој добил трансплантација на црн дроб од својот братучед Жерар.
Весникот тврди дека има аудио-снимки од телефонските разговори на Росел, во кои се утврдува дека братучедот Жерар воопшто не постоел, и во кои тој признава дека направил таков договор.
Од Барселона, каде што 38-годишниот Абидал сега е технички секретар тврдат дека се работи за чист измислица, а се јави и клиниката во Барселона каде што беше направена операцијата.
„Клубот е револтиран од недостатокот на такт во ширењето на такви лаги за чувствителни теми“, се вели во соопштението на Барселона.
Фото: ЕПА