Top Sport

Ел Паис: Зидан се договорил со Јувентус

Зинедин Зидан немал намера да се врати на клупата на Реал Мадрид, тврди „Ел Паис“. Негово следно работно место, според овој извор, ќе биде во Јувентус.

„Ел Паис“, пишува дека во екот на големата криза што владее во Реал, претседателот Флорентино Перез, воопшто не контактирал со Зидан, иако многу медиуми шпекулираа дека тој му понудил на тренерот да се врати во клубот.

Зидан одбил дека не бил во добри односи со Перез и спортскиот директор Санчез. Зизу, поради тврдоглавоста на овое двајца, минатото лето си поднел оставка.

По освојувањето на третата титула во низа, во Лигата на шампионите, Зизу од Перез побарал Роналдо да остане во тимот, Бејл да биде продаден, а бил против и во клубот да дојде Тибо Куртоа.

Тој на Перез му рекол дека во спротивно Реал нема да има добра сезона. Перез не го послуша тренерот, а зборовите на Зидан од оваа перспектива звучат како пророштво.

„Ел Паис“ пишува дека Зидан од следната сезона ќе ги предводи фудбалерите на Јувентус. Тој наводно веќе договорил соработка со „старата дама“ до јуни 2022 година.

Scroll to Top