Стефан Ел Шарави иако претходно изјавуваше дека е премлад за трансфер во кинеската лига, веќе отпатува во Кина за да го комплетира трансферот во Шангај Шенхуа и на заминување се заблагодари на Рома и на навивачите за трите заеднички години.
Ел Шарави вечерва отпатува за Кина каде што ќе го потпише тригодишниот договор вреден во плата неверојатни 40 милиони евра. Рома ќе добијат 18 милиони евра плус дополнителни бонуси.
„Секогаш ќе бидам благодарен на навивачите на Рома за овие три прекрасни години. Се гледаме наскоро“, изјави Ел Шарави.
Тој стравуваше од трансфер во Кина за да не биде далеку од очите на италијанскиот селектор Роберто Манчини.