Последнопласираниот тим во Ла Лига, Елче, го назначи Аргентинецот Хорхе Алмирон за нов тренер до крајот на сезоната, објави клубот. Алмирон, во својот втор период во клубот, ја презема функцијата од Франциско Родригез, кој поднесе оставка на почетокот на овој месец по лошиот почеток на сезоната во лигата и само два освоени бода од осум натпревари.
51-годишниот Алмирон до 7 јули годинава беше тренер на аргентинскиот клуб Ланус, а има искуство и во Мексико и во арапските земји.
По заминувањето на Франциско Родригез, екипата на Елче привремено ја предводеше неговиот помошник Алберто Галего.