Top Sport

Елитен судија на УЕФА уапсен во полициска рација

Фудбалскиот судија од Словенија Славко Винчиќ е еден од приведените во полициската рација која ја извршиле припадниците на Министерството за внатрешни работи на Република Српска во Бјелина.

Во акцијата полицијата запленила дрога и оружје и уапсила 35 лица, меѓу кои била и српската старлета Тијана Ајфон.

Во изјава за порталот „24ur.com“, Винчиќ потврдил дека бил одведен на информативен разговор и се обидел да ја објасни случката.

„По состанок со деловните партнери бевме повикани на еден ранч да прославиме. Го прифативме повикот. Имаше околу 40 луѓе, речиси никого од нив не познавав. По рацијата бевме однесени на информативен разговор. Објаснив дека воопшто не ги познавам тие луѓе, по што ме ослободија и ми дозволија да се вратам во Словенија“, раскажал Винчиќ.

Славко Винчиќ спаѓа меѓу елитните судии на УЕФА. Оваа сезона тој ја деле правдата на три натпревари во фазата по групи.

Исто така судел неколку натпревари во квалификациите за ЕП, ја делел правдата на два натпревари во Саудиска Арабија и ја добил довербата да биде главен судија на големото грчко дерби помеѓу ПАОК и Панатинаикос.

Scroll to Top