Top Sport

Откажани се трките во Британија и Австралија

Мото ГП трките на патеките во Силверстон и Филип ајленд нема да се возат оваа година. Денес е соопштено дека се откажаните Големите награди на Велика Британија и Австралија.

„Светската автомобилска индустрија и Дорна со жалење објавуваат дека коронавирусот предизвика промени во календарот на натпреварувањето и дека имаме обврска да ги откажеме овие два настани“.

Трката за Големата награда на Велика Британија требаше да се вози од 28 до 30 август на патеката Силверстон. Прв пат по 70 години во Британија нема да се вози Мото ГП трка. Исто така е откажан и британскиот Куп на таленти.

Трката на Големата награда на Австралија на патеката Филип ајленд во календарот е закажана за 25 октомври. Годинава и оваа трка нема да се вози.

Scroll to Top